Алијансата за позитивна Македонија е политичка опција, која го става граѓанинот во фокусот на своето политичко дејствување.


Ние веруваме дека секој граѓанин има право да живее достоинствен живот благодарение на својот труд, знаење, способности и искуство.


Република Македонија е мултикултурно општество, а АПМ е огледало на таа реалност со своите членови и со своите соработници кои припаѓаат на најразлични етнички, културни, верски и јазични заедници.


Целта на нашето постоење е да ја развиваме Македонија како граѓанско општество, да понудиме и да примениме поинаков начин на водење политика. Да креираме и да спроведуваме политики кои ќе доведат до благосостојба на сите граѓани, независно дали живеат во село или во град во Република Македонија. Нема да критикуваме со празни зборови, ќе нудиме решенија.


Нашиот тим го сочинуваат луѓе кои носат ентузијазам и знаење, а пред сé одговорност, дека сите, како граѓани, заслужуваме позитивна сегашност и стабилна иднина. Имаме докажан тим кој знае како да ги постави процесите во Македонија на прав пат.


Но, АПМ е отворена во секое време го дополнува својот тим за нови идеи, концепти, проекти и акции, кои можат да дадат придонес за развој на граѓанското општетсво и либерал-демократијата.


Ве повикуваме заедно да ја преземеме одговорноста за нашава сегашност и за нашата иднина.


Програмата на Алијансата за позитивна Македонија се базира не следните 7 приоритети:


  • Економски развоен бум на Република Македонија
  • Интезивни рурални политики (македонскиот аграр- најголема фабрика под отворено небо)
  • Намалување на иселувањето од државата
  • Зајакнување на мулткултурното општество и интеркултурализмот (различностите се наше богатство)
  • Владеење на правото (неселективна правда за сите)
  • Целосна слобода на изразувањето и слобода на медиумите (правото на информирање е основно човеково право)
  • Целосно комплектирање на НАТО и ЕУ интерграциите на Македонија (Македонија што поскоро во НАТО и ЕУ)