Секојдневно умира оној

кој станал роб на навиките

кој секој ден си поставува исти ограничувања

оној кој не ја менува рутината

и кој не разговара со другите и не прифаќа помош


Секојдневно умира

оној кој не го менува својот живот

кога не е задоволен со својата работа

или со својата љубов

оној кој не сака да се откаже

од својата сигурност поради непозната не сигурност

и не го следи она за што сонува

оној кој ниту еден ден од својот живот

нема да побегне од премислени совети


ЖИВЕЈ ДЕНЕСКА

РЕСКИРАЈ ДЕНЕСКА

СТОРИ ГО ТОА ДЕНЕС

НЕ ДОЗВОЛУВАЈ ДА УМИРАШ СЕКОЈДНЕВНО

НЕ ЗАБОРАВИ ДА БИДЕШ СРЕЌЕН


„Секојдневно умирање“

ПАБЛО НЕРУДА

Почитувани пријатели,

Токму за да не заборавиме да бидеме среќни, за што големиот и бесмртен хуманист и поет Пабло Неруда, ги напишал овие прекрасни стихови пред повеќе децении, АЛИЈАНСАТА ЗА ПОЗИТИВНА ЗА МАКЕДОНИЈА се основа како општествен субјект.


Почитувани пријатели,
Во Позитивна Македонија сме здружени, и обединети граѓани од град и од село. Ние знаеме што треба, и како треба да ја направиме посилна, поуспешна и попривлечна нашата татковина Република Македонија! Да ја направиме Македонија земја на еднакви можности за сите кои сакаат да живеат, да работат, да создаваат семејство и свое огниште овде- ДОМА!

Еднакви можности за сите без разлика на пол, вера, етничка припадност или други разлики. Македонија е наш заеднички дом и единствена татковина без разлика кои сме и што сме, без разлика на етничката, верска или било која друга различност. Горди сме еден на друг и заеднички ја создаваме сегашноста и нашата иднина. Мултиетничкиот, мултикултурниот карактер на нашиот заеднички дом Македонија, е наша предност и создава услови да градиме општество кое ќе темели врз толеранцијата и почитувањето до другиот различниот. Општество во кое преку активен јавен и слободен дијалог ќе креираме политики, ќе ги решаваме нашите заеднички но и поединечни прашања, барајќи го најдоброто решение.

Затоа, почитувани наши пријатели би биле пресреќни да ни се придружите на патот на остварувањето на оваа благородна и благословена мисија.